Атина и Вашингтон со план за продлабочување на воената соработка

Од:

Атина и Вашингтон, ги истражуваат “флексибилните” опции за понатамошно присуството на американски системи за оружје во Грција, дознава грчкиот весник Катимерини.

Овие опции, според весникот, претпоставуваат распоредување на беспилотни летала во грчката воена воздухопловна база во Лариса, централна Грција.

САД се подготвени да го зголемат своето учество во грчките воени вежби и да го прошират својот опсег.

Со оглед на зголемената воена соработка помеѓу Грција и Соединетите Американски Држави, Атина сега очекува и почесто присуство на американски бродови во пристаништата на Егејското Море.

Зајакнувањето на односите, според грчкиот Катимерини, исто така се совпадна со зголемените тензии во односите меѓу Вашингтон и Анкара, и врз основа на тоа Атина би можела да има корист од промената на рамнотежата на силите во источниот Медитеран.

Разговорите меѓу Атина и Вашингтон досега се фокусираа на грчката воена воздухопловна база во Лариса, каде што се стационирани две беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама