Атентаторот Пермјаков призна: Работев по налог на Киев

Од:

Човекот осомничен за обид за атентат врз рускиот писател Захар Прилепин, кој беше уапсен рано денеска, на сослушувањето признал дека работел по наредба на украинските специјални служби, соопшти Истражниот комитет.

Осомничениот Александар Пермјаков изјави и дека под автомобилот ставил експлозив и дека ги активирал од далечина.

Потоа се сокрил од местото на настанот, но бил приведен кога излегувал од шумата во друга населба. Истражниот комитет претходно денеска овој чин го окарактеризира како терористички напад.

Да потсетиме, автомобилот во кој се наоѓаше Прилепин беше кренат во воздух. Прилепин е хоспитализиран со скршеници и потрес на мозокот и неговиот живот не е во животна опасност.

Прес-службата на писателот објави дека во експлозијата загинал возачот на Прилепин, припадник на руската национална гарда, Александар Шубин.

Според првичните информации, бомбата што експлодирала била поставена под автомобили.

Би можело да ве интересира

Русија: На наша територија се урна бомбардер Су-34

ВИДЕО: Драматично слетување во поле на руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Ким Џонг Ун патува во Русија

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген

Кавги меѓу соседите: 42 ирваси од Норвешка ја минале границата на пасење, Русите бараат милионска отштета