Атамбајев: Јас пукав врз припадниците на специјалните единици

Од:

Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбајев призна денеска дека тој отворил оган врз припадниците на специјалните единици, кои се приближувале кон неговата резиденција.

– Моите приврзаници немаа оружје. Јас пукав за време на нападот, истакна Атамбајев пред новинарите, додавајќи дека немал намера некого да повреди.

Тој нагласи дека сака да помогне во ослободување на припадниците на специјалните единици Алфи, кои се заробени од неговите приврзаници и кои се наоѓаат во притвор во неговата резиденција.

Киргистанските специјални единици вчера започнаа операција за апсење на Атамбаев, кој е осомничен за корупција, меѓутоа неговите приврзаници пружија отпор, при што еден специјалец е убиен, а 52 лица се повредени, меѓу кои има и новинари.

Актуелниот киргистански претседател Собонај Женбеков изјави дека Атамбајев го прекршил Уставот давајќи оружен отпор врз претставници на законот, кои требале да го уапсат.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница

А1он