Атал: Франција воведе казна од 1.500 евра за непочитување на задолжителниот карантин

Од:

Патниците од Бразил, Аргентина и Јужна Африка, треба да се самоизолираат 10 дена по нивното пристигнување на француска територија, во случај на непочитување на карантинот предвидена е парична казна од 1.500 евра.

-Ќе има казни, тоа ќе биде казна од петта класа, која мислам дека е 1.500 евра и 3.000 евра во случај на повторен прекршок, што ми се чини дека е доста обесхрабрувачки и исклучително строга рамка, рече владиниот портпарол Габриел Атал на радиото Европа 1.

Атал наведе дека кога некое лице ќе пристигне, место да бара самоизолација, ќе има обврска да се изолира, со номинативен префектурен декрет што ќе биде издаден, со име и презиме, за период од десет дена, и ќе има проверки од полицијата, од жандармеријата, што ќе овозможи да се потврди дали навистина сте на местото каде што мора да се изолирате, потврди тој.

Француската Влада во саботата соопшти дека ќе воспостави задолжителен десетдневен карантин за патниците од Бразил, Аргентина, Чиле и Јужна Африка, поради загриженоста за мутациите на Ковид-19.

Воздушните врски со Бразил се прекинати заклучно со овој петок, но се одржуваат со Аргентина, Чиле и Јужна Африка, каде според Париз, присуството на варијанти не ги достигнува „нивоата забележани во Бразил“.

Патниците од овие три земји, како и од Бразил, сега ќе мора да претрпат 10-дневна изолација, придружена со ограничување на времето за излез, со зголемени казни.

Мерката постепено ќе се спроведува до нејзиното целосно влегување во сила во сабота на 24 април и ќе важи и за патниците од Гвајана.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден