Астра Зенека нуди поевтина вакцина, европските влади ќе плаќаат отштета за можни несакани дејства

Од:

Европските влади ќе плаќаат отштета за надминување на границата договорена со компанијата „Астра Зенека“ за можните последици од нејзината потенцијална вакцина против Ковид-19, според одредбите од договорот со таа компанија кои се различни од договорот со „Санофи“, според европски официјален претставник цитиран од Ројтерс.

Договорите ги одразуваат различните стратегии на овие водечки глобални производители на лекови кога станува збор за одговорност за можните последици од вакцините насочени кон ставање крај на пандемијата.

Британската компанија „Астра Зенека“ доби поддршка од Европската унија во таен договор, бидејќи бараше пониска цена за нејзината потенцијална вакцина, рече официјалното лице.

„Ако некоја компанија побара повисока цена, ние не даваме еднакви услови“, изјави претставникот, кој учествуваше во преговорите, но не сака да биде именуван бидејќи договорите се тајни.

Неочекуваните несакани ефекти откако лекот ќе добие регулаторно одобрување се ретки, но поради брзината со која се развива вакцината против Ковид-19, ризиците се поголеми.

Договорот со „Астра Зенека“, со кој се префрла дел од ризикот на вакцини кај даночните обврзници, беше склучен со Европската комисија во август, но одредбите за одговорност досега не беа познати.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска