ВИДЕО: Астероид ќе мине покрај Земјата на 15 февруари

Од:

Астероид со дијаметар од 45 метри и со кодирано име 2012ДА14 ќе мине ноќта на 15 наспроти 16 февруари во близина на Земјата, на најмало растојание од нашата планета во историјата на набљудување на движењето на небесните тела, соопшти Јапонската национална опсерваторија.

Опасност од судир со Земјата, сепaк нема.

2012ДА14 е со маса од околу 130.000 тони и се движи со брзина од 8 километри во секунда. Најблиску до земјата тој ќе биде на 15 февруари над Индискиот Океан, кога ќе биде на само 27,7 илјади километри од Земјата. Тоа е речиси 14 пати помалку од растојанието на кое се наоѓа Месечината.

Блиската средба со астероидот ќе може да се види само со помош на телескоп.

Според астрономите во реонот на Земјата има околу 500.000 такви мали објекти. Многу голем дел од нив се уште не се документирани.

Небесни тела со таков размер се приближуваат на  Земјата на секои 40 години. Судирите се можни многу ретко, еднаш на 1.200 години.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата