Асанж задржан по барање на САД за негова екстрадиција

Од:

Основачот на Викиликс, Џулјан Асанж, е задржан од лондонската полиција по барање за екстрадиција од властите во САД.

Информацијата штотуку се појави на интернет-страницата на Скотланд јард, при што се истакнува дека судот ќе закаже сослушување „колку што е можно побргу“.

Министерството за правда на САД, според медиумите, минатата година подигнало обвиненија против Асанж, но тие материјали наводно биле заштитени под графата „строго доверливо“.

Во случај на негова екстрадиција во САД, Асанж може да добие долга затворска казна за шпионажа. Самиот тој многупати досега има изјавено дека во САД би можело да му биде изречена смртна казна.
Британската полиција денеска го уапси Асанж откако ја напуштил зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

Во соопштението на британската полиција се наведува дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин.

Апсењето на Асанж следи откако властите на Еквадор соопштија дека решиле да му го укинат азилот.

Би можело да ве интересира

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски

Косово без одговор за екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во случајот „Монструм“

Лондонскиот суд го отфрли барањето за кауција на Асанж

Морисон: Асанж ќе може да се врати во Австралија кога ќе завршат сите процеси

Ана Ололовска

Мексико му нуди политички азил на Асанж

Жарко Настоски

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски