Асанж не е веќе во самица, здравствената состојба му е подобрена

Од:

Оснивачот на Викиликс, Џулијан Асанж, не е веќе во самица во лондонскиот затвор и неговата здравствена состојба е подобрена, рече неговиот колега и портпарол, Кристин Храфнсон.
Храфнсон ова го кажа на прес конференција во пресрет на контроверзното сослушување за екстрадирањето на Асанж во САД, кое треба да почне следната недела.

САД го бараат Асанж по 18 точки од обвинението за обид за хакирање, протекување информации и кршење на Законот за шпионирање. Доколу биде осуден на Асанж му се заканува казна од повеќе десетици години затвор.

Приврзаниците на Асанж изразија загриженост заради третманот што го има во затворот и како сето тоа влијае врз неговото здравје, јавуваат светските агенции.

Таткото на Асанж, Џон Шиптон, претходно денеска кажа дека е загрижен за здравјето на својот син бидејќи „е постојано анксиозен”.

Тој, исто така, изрази загриженост дека неговиот син, доколку биде испорачан во САД, ќе се соочи со смртна казна.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА