Асанж ќе може да се жали до британскиот Врховен суд за одлуката за екстрадиција во САД

Од:

Британски Висок суд одлучи дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, може да поднесе жалба до Врховниот суд на одлуката за негова екстрадиција во САД.

САД го бараат Асанж (50) поради наводен заговор откако „Викиликс“ објави стотици илјади протечени документи поврзани со војните во Ирак и Авганистан. Ако биде осуден, се соочува во 175 години затвор согласно Законот за шпионажа.

Американските власти во декември минатата година го добија приговорот во Високиот суд за поништување на пресудата дека Асанж не треба да биде екстрадиран поради реалниот и „репресивен“ ризик од самоубиство.

Денешната одлука на судијата Лорд Барнет и Лорд Џастис Холројд значи дека Асанж ќе може да поднесе жалба до британскиот Врховен суд.

Адвокатите на Асанж, претходно изјавија дека случајот покренал „сериозни и важни“ правни прашања, вклучително и „потпирање“ на гаранциите дадени од САД за условите во затвор со кои би се соочил доколку биде екстрадиран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

ВИДЕО: Џулијан Асанж доби право на жалба на екстрадицијата во САД

Катерина Ѓуровски

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ