Асад: Турскиот претседател вмешан во шверц на нафта од Сирија

Од:

Турција ја спонзорирала терористичката групација Исламска држава, а турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган бил вмешан во активности за помагањето на ИД и шверц на нафта од Сирија, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за јапонската телевизија Ти-Би-Ес, јави ТАСС.

– Доколку зборуваме отворено ИД беше создадена под надзор на САД во Ирак во 2006 година и беше базирана исклучиво во Ирак, изјави Асад.

– По почетокот на сирискиот конфликт, Турција ја спонзорираше таа организација, со тоа што ги користела сириските нафтени наоѓалишта за извоз на суровини, остварувала заработувачка и привлекувала нови борци во свои редови, додаде тој.

– И Турција била индиректно вовлечена во шверц на нафта со учество и соучество на самиот Ердоган, рече Асад.

Поради тоа тој смета дека не може да очекува реална борба против ИД од страна на Турција или САД.

Во моментов на целата територија на Сирија дејствува примирјето, кое стапи во сила од 30 декември.

Кон спогодбата се приклулчија и владините сили и седум групации на вооружената опозиција. Гаранти за примирјето се Русија и Турција. Тоа сепак не ги вклучува борбите со терористите, а во таа смисла со групацијата ИД.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски