Асад поднел документи за нова претседателска кандидатура

Од:

Актуелниот сириски претседател, Башар ал-Асад, денеска ги достави документите за кандидирање за својот трет претседателски мандат на претседателските избори во земјата, закажани за 26 мај, изјави претседателот на парламентот за државните медиуми.

Изборните правила налагаат кандидатите за претседател во последните години да живееле во Сирија најмалку 10 години, што практично невозможно го прави кандидирањето на клучните опозициски фигури, кои моментално се во егзил, јавуваат британските медиуми.

Сиријците кои живеат во странство ќе можат да гласаат на 20 мај.

Претходните претседателски избори во Сирија се одржаа во 2014 година.

Вашингтон и сириската опозиција закажаните избори ги оценуваат за фарса дизајнирана да го „зацементира“ владеењето на Асад.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град