Асад и го врати на Франција орденот “Легија на честа“

Од:

Кабинетот на сиријскиот председател Башар ел Асад соопшти дека орденот Легија на честа кој Франција му го доделила на Асад во 2001 година е вратен во Париз, по учеството на таа земја во неодамнешните воздушни напади.

Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопштија во понеделникот дека Франција има намера да покрене процедура за враќање на ова одликувањето.

-Сиријското министерство за надворешни работи денеска официјално на Франција преку романската амбасада во Дамаск, која ги претставува француските интереси во Сирија, го враќа орденот Големиот крст на Легијата на честа кој му беше доделен на Асад од претседателот Жак Ширак, се наведува во соопштението.

Одлуката за враќање на одликувањето било донесено по учеството на Франција во нападите на 14 април годинава.

-Не е чесно претседателот Асад да носи одликување на еден режим кој е послушник на Соединетите Американски Држави кои ги поддржуваат терористите, се додава во соопштението.

Ширак го одликуваше Асад во 2001 година, откако го наследи неговиот татко Хафаз ел Асаф на претседателската позиција во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано