Армијата во Алжир повика на уставна смена на Бутефлика

Од:

Заменик-министерот за одбрана на Алжир, Ахмед Гаид Салах побара денеска шефот на државата Абделазиз Бутефлика (82) да замине од функцијата, истакнувајќи дека смета оти барањата на демонстрантите се оправдани, по еден месец масовни протести против претседателот.

Салах, кој истовремено е и началник на Генералштабот на Народната армија на Алжир, повика на примена на член 102 од Уставот, кој предвидува дека во случај на долга и тешка болест на претседателот, Уставниот суд може да му предложи на Собранието тој да биде прогласен за неспособен за вршење на функцијата.

Ако такво барање во Парламентот добие двотретинска поддршка, тогаш претседателот на Собранието ќе биде назначен за привремен вршител на должноста шеф на државата, но тоа би значело и распишување на предвремени претседателски избори, појасни Салах.

Околу 2.000 луѓе се собраа денеска во центарот на Алжир, барајќи оставка од претседателот Бутефлика, кој е еден од серијата протести што неколку недели редовно се одржуваат во земјата.

Демонстрантите, исто така, постојано повикуваа на започнување на процесот во согласност со член 102 од Уставот на Алжир, за време на масовните демонстрации кои се одржуваат во тој град секој петок од 22 февруари.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари