„Ариана Авган Ерлајнс“ демантира дека се урнал нивни авион

Од:

Авганистанската авиокомпанија „Ариана Авган Ерланс“ негира дека се урнал нејзин авион.

– Има авионска несреќа, но не станува збор за Ариана, бидејќи нашите два лета – од Херат до Кабул и од Херат до Делхи се безбедни, изјави извршниот директор на авиокомпанијата Мирвајс Мирваиз Мирзаквал.

Претходно беше соопштено дека се урнал патнички авион во Авганистан, во кој имало повеќе од 80 патници, при што британски медиуми информираа дека станува збор за авион на компанијата „Ариана Авган Ерланс“.

Она што со сигурност се знае е дека денеска се урнал авион во источниот дел на Авганистан, област која е под контрола на Талибанците. Но не е познато дали бил патнички или воен, колку патници и екипаж имало и евентуално на која компанија припаѓал.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник