Архива на САД: Трамп со себе зел доверливи документи од нацинална безбедност

Од:

Националната архива на САД денеска испрати писмо до Конгресот во кое се наведува дека бившиот претседател Доналд Трамп одзел документи од доверлив карактер.

Се работи за повеќе кутии материјали меѓу кои имало и доверливи содржини од областа на националната безбедност, што Трамп ги зел со себе во Флорида кога ја напушти функцијата лани во јануари. Архивата за ова го информирала и американското Министерство за правда.

Во изминатите две недели се дискутира дали тоа шта Трамп го направил е согласно федералните закони за чување документи или неправилно ракување со довеливи информации.

По преговори меѓу неговите адвокаи и архивата во јануари, 15 кутии со документи што Трамп ги зел од Белата куќа беа вратени. Од архивата укажаа не биле предадени документи кои вклучуваат и „одредени записи од социјалните мрежи“.

Објавата дека Трамп зел доверлива информација кога заминал од Белата куќа натера некои демократи да го обвинат за хипокризја. Главен дел од неговата кампања во 2016 година се состоеше од напади врз противкандиндатката Хилари Клинтон, која наводно неправилно ракувала и загубила електронски пораки со документи од областа на националната безбедност.

Имаше и извештаи дека при заминувањети од Белата куќа, Трамп се обидел да рециклира некои документи во тоалетната школка, а Политико претходно објави дека тој кинел листови хартија кои потоа биле лепени од неговите помошници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел