Аргентина станува жариште на Ковид-19 во Јужна Америка

Од:

Во Аргентина се забележани 13.000 нови случаи на Ковид-19 во изминатиот ден, што е рекордно дневно зголемување на бројот на заразени во земјата, која станува ново жариште на заразата во Латинска Америка.

Карантинските мерки во Аргентина, кои сè уште се во сила во поблага форма, првично дадоа резултати, но на 5 септември беа потврдени повеќе од 12.000 новозаразени.

Заклучно со вчерашниот ден, вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Аргентина од почетокот на пандемијата надмина 600.000, а во текот на изминатите две недели, бројот на заразени лица на 100.000 жители беше 332, информира Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски