Аргентина: Професорка болна од Ковид-19 почина за време на онлајн настава

Од:

Професорката по историја на факултетот во Буенос Аирес Паола Де Симоне, болна од Ковид-19, почина во својот дом за време на онлајн настава.

Нејзините студенти побарале да им ја каже адресата за да можат да повикаат Брза помош откако се пожалила дека има проблеми со дишењето, но таа изустила само „не можам“ и паднала на подот во својата куќа, јави „Вашингтон Пост“.

Неколку часа подоцна нејзиниот безживотно тело го пронашол сопругот, кој воедно е лекар.

Де Симоне на социјалните мрежи секојдневно објавувала за битката која брачната двојка ја водела со коронавирусот.

-„Многу е комплицирано. Повеќе од четири седмици сум позитивна на вирусот, а симптомите не поминуваат. Поради целата ситуација сопругот е многу исцрпен“, напишала професорката пред неколку дена.

Една од студентките изјави дека часот почнал со изјавата на професорката дека има воспаление на белите дробови.

– Видовме дека е во полоша состојба од претходно. Во еден момент не можеше да продолжи, ниту да зборува. Беше страшно, изјави студентката.

Веста за смртта на 46-годишната професорка ја погоди цела Аргентина, а коментарите се дека треба да служи како предупредување до целиот свет дека коронавирусот навистина постои.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски