Ардерн поддржува мирни протести, но укажува и дека пандемијата е во тек

Од:

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека е вџашена од смртта на Џорџ Флојд и ги поддржува мировните протести за солидарност во нејзината земја, но истакна дека демонстрантите ги прекршиле мерките за физичко растојание и дека не треба да заборават дека пандемијата на Ковид-19 е во тек.

Таа посочи дека е згрозена од она што се случи со Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, но дека протестите за солидарност треба да се организираат на таков начин што ќе овозможи безбедност на сите свои учесници.

Ардерн на прес-конференцијата изјави дека Новозеланѓаните како нација треба да укажат на расизам, нетолеранција и омраза, но исто така таа забележа дека ризикот од пренесување на вирусот сè уште постои.

Премиерката рече дека целосно ги разбира чувствата на демонстрантите, но таа истакна дека глобалната пандемија сè уште трае и дека не би сакала да има влошување на ситуацијата, со која властите се обидуваат да се справат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Немири во Брисел, горат автомобили, метро станицата Анисен е затворена

Драматична ситуација во Париз: Запалени се автомобили, властите ги укинуваат автобусите и трамваите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите