Ардерн: Нов Зеланд ќе стане република, но не наскоро

Од:

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави дека по смртта на кралицата Елизабета Втора нејзината влада нема да бара промена на статусот на Нов Зеланд од кралство во република.

dobivaj vesti na viber

Ардерн, пренесуваат американските медиуми, изјави дека верува дека Нов Зеланд во иднина ќе стане република и дека тоа ќе се случи за време на нејзиниот живот, но дека сега нејзината влада има поважни прашања.

Од смртта на Елизабета втора, на 8 септември, Ардерн нема зборувано за оваа идеја – Нов Зеланд да стане република, но за неа претходно неколку пати позитивно се има изјаснето.

Според сегашниот систем, лидер на Нов Зеланд е британскиот монарх, а во Нов Зеланд го застапува гувернерот, чија улога последните години е протоколарна.

Меѓутоа, многу луѓе не се сигурни дека Нов Зеланд ќе може да излезе од сенката на своето колонијално минато и да стане целосно независна нација додека не стане република.

-Имаше дебати, многу години наназад. Јас го кажав мојот став неколку пати. Верувам дека Нов Зеланд ќе стане република со текот на времето, дури и во текот на мојот живот, но не очекувам дека тоа ќе се случи наскоро, ниту пак е на агендата сега, кажа новозеландската премиерка.

Премиерот на Антигва и Барбуда, Гастон Браун, вчера изјави дека граѓаните на оваа островска земја во Малите Антили на референдум ќе гласаат дали да стане република по смртта на британската кралица Елизабета Втора.

Според него, референдумот ќе се одржи во следните три години и притоа касно нагласи потегот нема да се преземе од непријателство, пренесува Би-би-си.

Австралискиот премиер, Ентони Албанесе, пак, откако ја презеде функцијата во мај, веќе прави напори земјата да ја направи република, вчера изјави дека сега не е време за промени, туку за оддавање почит на животот на британската кралица.

Албанесе претходно изјави дека одржувањето референдум за Австралија да стане република не било приоритет во неговиот прв тригодишен мандат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џиновски вулкан може да еруптира во секој момент: Последиците би ги почувствувале сите

А1он

Пронајдена жената осомничена за убиството на две деца пронајдени во куфери

А1он

Нов Зеланд дополнително ги олеснува мерките против Ковид-19

Ана Ололовска

Несреќа во Нов Зеланд: Пет лица загинаа откако кит превртел чамец

Новозеландската полиција идентификува деца чии останки биле пронајдени во стари куфери: Биле мртви три или четири години

А1он

Ардерн призна дека телото на новозеландски војник може нема да биде вратено дома од Украина

Ана Ололовска