Арапската лига го повика Асад да ја предаде власта на преодната Влада

Од:

Арапската лига повторно го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да поднесе оставка и да ја предаде власта на преодната Влада, се наведува во соопштението на крајот на министерската средба на Арапската лига во Доха.

Според Арапската лига тој чекор ќе стави крај на крвопролевањето и уништувањето во земјата, кои продолжуваат веќе втора година.

– Ние сакаме сириската криза да биде решена преку постигнување на договор, но режимот во Дамаск го избира патот на одложување и продолжува со уништување на сопствениот народ. Во оваа ситуација единственото можно решение е тансфер на власта, изјави вчера премиерот на Катар шеик Хамад бен Џасем ал Тани.

Според шеикот Ал Тани ако кај властите во Сирија останал здрав разум, тогаш тие треба итно да почнат процес на транзиција, со кој ќе се запре пролевањето крв.

Генералниот секретар на Арапската лига Набил ал Араби изрази надеж за приближување на позициите на САД и Русија, што ќе доведе до усвојување во Советот за безбедност на Обединетите нации соодветна резолуција за конфликтот во Сирија.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение