Арапската коалиција најави бомбардирања во главниот град на Јемен

Од:

Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија синоќа објави дека започнала со бомбардирање на главниот град на Јемен, Сана, како одговор на нападите на шиитското движење Ансар Алах (Хусити) на територијата на ОАЕ.

Во соопштението на коалицијата, што го пренесе телевизијата Скај њус Арабија во ОАЕ, воздушните напади се опишани како „одговор на закана и воена неопходност“. Се вели дека бомбите биле насочени кон „терористичките водачи“.

„Воздухопловните сили на коалицијата спроведуваат деноноќна операција на небото над Сана. Ги повикуваме цивилите да се држат настрана од воените кампови и собири на Хусите заради нивна безбедност“, се вели во соопштението.

Претходно во понеделникот, серија експлозии одекнаа во главниот град на ОАЕ, Абу Даби, за кои локалната полиција соопшти дека биле предизвикани од напад со дрон. Конкретно, три цистерни со гориво експлодираа во близина на складиштата за гориво на Националната нафтена компанија ОАЕ, а друга експлозија предизвика мал пожар во областа на новите згради на аеродромот во Абу Даби. Загинаа три лица – еден Пакистанец и двајца Индијци, а уште шестмина беа повредени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“