Аракчи: Разговорите во Виена напредуваат, но Иран може да ги прекине во секое време

Од:

Разговорите за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година одат напред и покрај тешкотиите, изјави шефот на иранскиот преговарачки тим Абас Аракчи.

Аракчи вчера изјави дека има напредок во разговорите, но предупреди дека Техеран ќе ги прекине доколку се соочи со „неразумни барања“ или губење време.

-Иран и светските сили постигнаа напредок во разговорите во Виена, иако останува уште многу да се работи, додека состаноците треба да продолжат следната недела по консултациите меѓу страните и нивните престолнини, изјави висок претставник на Европската унија.

Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Абас Аракчи, актуелниот тек на разговорите го опиша како напредок, „и покрај постојните тешкотии и предизвици“, јавија иранските државни медиуми.

-Иранската делегација ќе ги прекинува разговорите секогаш кога процесот на преговори ќе доведе до неразумни барања, губење време и ирационални пазарења, рече Аракчи.

„Прерано е да се суди за исходот и да се каже дали сте оптимист или песимист, но ние веруваме дека сме на добар пат“, додаде Аракчи за државната телевизија.

Иранските агенции наведуваат неименуван извор дека САД планираат да издадат само привремени мерки наместо трајно укинување на санкциите, што Вашингтон повторно ги воведе во Техеран откако се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година.

Според договорот од 2015 година, Иран се согласи да укине некои аспекти од својата нуклеарна програма во замена за олеснување на американските и другите санкции, пренесуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски