Арафат бил отруен со полониум

Од:

Претседателот на Организацијата за ослободување на Палестина и раководител на партијата Фатах Јасер Арафат бил отруен со радиоактивниот елемент полониум и тоа е причина за неговата смрт на 11 ноември 2004 година, соопшти медиумската група Ер Те Ел, повикувајќи се на резултатите од истрагата на лабораторија во Швајцарија.

Информацијата е дел од синоќа објавената истрага на телевизијата „Ал Џезира“, спроведена во претходните девет месеци.

Пред камерата на телевизијата сведочи директорот на Институтот за радиологија и физика во Лозана, кој изјавува дека во останките на Арафат биле откриени сериозни количества полониум – елементот што во 2006 година ја предизвика смртта на поранешниот агент на КГБ Александар Литвиненко во Лондон.

Арафат почина во воената болница „Перси“ во Париз, откако се разболе додека беше под израелска опсада во Рамала.

За конечната потврда на оваа теза неопходно е ексхумирање на останките на Арафат и земање нови проби, за што, според агенциите, неговата сопруга дала согласност.

Ако верзијата е вистинска, во останките на Арафат треба да се откријат значителни количества полониум, се прецизира во прилогот на Ер Те Ел.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он