Антивладини протести во Рим

Од:

Ултрадесичарскиот италијански политичар Матео Салвини ги предводи масовните антивладини протести во Рим.

Протестот под мотото „Италијанска гордост“ се одржува на плоштадот Сан Џовани, кој претходно се поврзуваше со собирите на италијанската левица.

Претседателот на антиимигрантската десно ориентирана партија Лига, Салвини во август го изгуби местото потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи откако ја поништи коалицијата со Движењето пет ѕвезди (М5С).

М5С формира нова владина коалиција со поранешниот жесток непријател Демократската партија (ПД), со цел да се спречат предвремени избори, на кои најверојатно би победил Салвини.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски