Антиисламистите во Австралија формираа партија

Од:

Во јужниот австралиски град Перт денеска ќе се одржи основачкиот конгрес на десничарската партија Австралиска алијанса за слобода (АЛА), чија главна парола е „борба против исламизација на земјата“, јави ТАСС.

Претставникот на партијата Ендрју Хорвуд за локалните медиуми изјави дека приврзаниците на Алијансата се уверени дека „Исламот во неговата сегашна форма не одговара на темелните вредности на Австралија“.

– Нашата земја ја убива политичката коректност, по која сите треба да мислат исто, а отворено не може да се зборува за многу работи, смета тој.

Конгресот ќе биде одржан во една зграда во Перт, чија адреса учесниците не ја соопштија поради страв за безбедноста на почесниот гостин, ултрадесничарскиот политичар од Холандија Герт Вилдерс.

Австралиската Влада на почетокот не сакаше да му издаде влезна виза, но во последен момент тоа сепак го стори, со образложение дека станува збор за „почитување на слободата на говорот“.

– Подобро ќе беше воопшто да не доаѓаше, но заради слободата на говорот немаме намера да го попречуваме организирањето на неговиот престој кај нас, изјави претставникот на Владата на државата Западна Австралија, Колин Барнет, прецизирајќи дека на Вилдерс му е забрането организирање какво било настан во зградите кои и припаѓаат на западноавстралиската Влада.

АЛА веќе е регистрирана во националната изборна комисија и има намера да истакне свои кандидатури на претстојните избори, што веројатно треба да бидат одржани во втората половина на следната година.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски