„Ансару“ ја презеде одговорноста за грабнувањето на седуммината странци во Нигерија

Од:

Нигериската исламистичка група „Ансару“ денеска ја презеде одговорноста за грабнувањето на седуммината странци, во ноќта меѓу саботата и неделата, пренесоа француските медиуми.

Групата за грабнувањето медиумите ги информира по електронска пошта.

Исламистите соопштуваат дека како заложници држат седум лица, меѓу кои Либанци и Европејци.

Според нигериската полиција, во нападот во северната држава Баучи биле киднаприрани седуммина странски работници на либанската градежна компанија „Сетрако“, од кои четворица Либанци, Британец, Италијанец и Грк.

Претходно „Ансару“, која се смета за фракција на радикалната исламистичка секта „Боко Харам“, во декември ја презеде одговорноста за грабнувањето на француски инженер. Тогаш таа објасни дека дејствува против „злосторствата и жестокоста врз религијата на Алах. . . извршувани од европските држави на неколку места, вклучувајќи ги Авганистан и Мали“.

Повеќето грабнувања во Нигерија се извршени во делтата на реката Нигер, богата со нафта, и се со цел да добијат откуп.

Речиси секогаш заложниците се ослободувани по добивањето на бараната сума. Британец и Италијанец, грабнати во северна Нигерија во 2011 година, и Германец, грабнат лани во истата област, каде „Боко Харам“ е активна, меѓутоа беа убиени.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи