„Анонимуси“ чистеа ѓубре на улиците на Токио

Од:

Околу 80 приврзаници на „Анонимуси“ учествуваа во едночасовното чистење на парковите и улиците на токискиот кварт Шиби, што е новина во делувањето на оваа мрежа, која вообичаено прибегнува кон хакерски акции.

Учесниците во протестот беа облечени во црно и носеа маски на Гај Фокс, главната фигура во „Барутна конспирација“.

Католичлкиот активист Фокс, инаку, е заштитна фигура на групата „Анонимуси“.

Јапонија минатиот месец усвои серија закони кои предвидуваат и затворски казни за секој кој ќе биде обвинет дека илегално симнувал содржини од Интернет.

Групата на 26 јуни успеала да ги урне или нанесе сериозна штета на Интернет сајтовите на јапонското Министерство за финансии, Врховниот суд и други државни институции, откако „Анонимуси“ во онлајн соопштението го осудија донесувањето нови прописи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија