Анкета: Секој петти републиканец сака Трамп да отпадне од трката за Белата куќа

Од:

Речиси една петина од регистрираните републиканци сакаат кандидатот на партијата за претседателските избори во САД, Доналд Трамп да отпадне од трката за Белата куќа, покажуваат денеска објавените резултати од анкетата на Ројтерс/Испос, јавува БТА.
Резултатите ја покажуваат поделеноста што ја предизвика кандидатурата на Трамп во Републиканската партија.

Според анкетата, спроведена меѓу 5 и 8 август меѓу 396 регистрирани републиканеци, 19 отсто од анкетираните сметаат дека милијардерот би требало да отпадне од трката, 70 отсто сакаат тој да остане, а десет отсто немаат мислење по тоа прашање.

Од сите регистрирани избирачи 44 проценти сакаат Трамп да отпадне, покажува анкетата, во која учествувале 1.162 регистрирани гласачи. 

Податоците од анкетата покажуваат дека ниту Трамп, ниту кандидатот на демократите Хилари Клинтон не уживаат голема популарност. Според нив 53 отсто од Американците имаат негативно мислње за Клинтон, а 63 проценти имаат негативно мислење за Трамп.

Според анкетата на Ротерс/Ипсос, Клинтон води пред Трамп со седум отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски