Ново истражување покажа дека 82 проценти од Украинците веруваат дека нивната земја во никој случај не треба да отстапи свои територии како дел од мировен договор со Русија.
Меѓународниот институт за социологија во Киев интервјуираше 2.000 возрасни граѓани на Украина во периодот од 13 до 18 мај при што 82 отсто од испитаниците рекле дека не поддржуваат територијални отстапки.
Amid foreign chatter about Ukraine making a peace deal or concessions to end Russia’s war against it, this new survey by Kyiv International Institute of Sociology: 82% of Ukrainians say NO territorial concessions should be made; just 10% back some. https://t.co/Vej0IDJ4ex pic.twitter.com/6GS6GHtKkB
— Christopher Miller (@ChristopherJM) May 24, 2022
Само 10 отсто веруваат дека некои области може да се напуштат за да се постигне мир и да се зачува независноста. Според анкетата, 77 отсто од Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија се противеле на какви било отстапки. На истокот од земјата, каде што моментално се водат најинтензивните борби со руските сили, само 19 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени за територијални отстапки, а 68 отсто се против.
Во јужна Украина, 83 проценти од испитаниците рекле дека се против какви било територијални отстапки, а девет отсто сметаат дека е прифатливо Украина да отстапи територија со цел постигнување мир.