Секој втор Германец не е заинтересиран да научи повеќе за историскиот период на земјата од времето на комунизмот, покажуваат денеска објавените резултати од анкетата спроведена пред одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.
Педесет и четири отсто од Западногерманците и 51 процент од жителите на поранешната комунистичка Источна Германија изјавиле дека не се заинтересирани за дополнителна информација во врска со поранешната Германската Демократска Република, наведува истражувањето на институтот „Инфратест димап“, во кое учествувале 1.015 лица.
Истовремено, 38 отсто од испитаниците пројавиле инетерс да научат повеќе за овој дел од германската историја.