Анкета на „Франс Интер“: Социјалната криза и куповната моќ се централни грижи на Французите пред претседателските избори

Од:

Според резултатите од истражувањето на „Франс Интер“ и „Ипсос Сопра-Стериа“, социјалната криза, нееднаквоста и куповната моќ се на врвот на грижите на Французите, далеку од темите кои во моментов доминираат во претседателската предизборна кампања, јави дописникот на МИА.

На 77 дена од првиот круг на претседателските избори, анкетата покажува до кој степен социјалната криза (прашањата за куповната моќ или нееднаквоста) е повеќе од кога било клучна тема за Французите и го нагласува јазот меѓу овие грижи и темите кои се опфатени во кампањата.

Ова истражување на јавното мислење спроведено на 18 и 19 јануарио врз образец од 1.067 лица кои го претставуваатфранцуското население, го оценува кредибилитетот на кандидатите (пријавени или не) според опфатените теми. Некои се издвојуваат, како што се шефот на државата Емануел Макрон за одговорите на епидемијата на Ковид-19, Марин Ле Пен и Ерик Земур за прашањата на криминалот и имиграцијата или Жан-Лук Меланшон на темата за социјалните нееднаквости.

Се чини дека социјалната криза е главното прашање на оваа кампања, за 42 отсто од испитаниците (стагнација на куповната моќ, зголемување на нееднаквоста, недостаток на социјална мобилност). Следува еколошката криза (33 отсто) со, на пример, климатските промени и загадувањето на воздухот. На трето место, кризата на идентитетот, со 25 отсто, која опфаќа неколку теми како што се тешкотиите поврзани со интеграцијата на странците, зголемувањето на имиграцијата или губењето на традиционалните вредности.

-Оваа доминација на куповната моќ е јасна бидејќи се однесува на сите социјални категории, без оглед на возраста, без оглед на социјалното ниво, објаснува Матје Галард, директор на студии за Ипсос. На второ и трето место се здравствениот систем (32 отсто) и животната средина (30 отсто)м пред имиграцијата и епидемијата на Ковид-19.

Околу кредибилитетот на кандидатите, анкетата покажа дека претседателот во заминување, кој сè уште не се прогласи за официјален претседателски кандидат, има добра предност во однос на своите противкандидати. Макрон се наоѓа на првото место во повеќето од овие теми: епидемијата на Ковид-19, здравствениот систем, јавниот дефицит и долгот, куповната моќ.

Екологот Јаник Жадо се издвојува по прашањето на животната средина, додека десничарите Земур и Ле Пен се издвојуваат кога станува збор за деликвенцијата, тероризмот и имиграцијата.

Жан-Лук Меланшон се смета за кредибилен кога се осврнува на прашањето на пензиите, невработеноста и социјалните нееднаквости.

Од друга страна, важно е да се напомене дека за секоја тема, меѓу 26 отсто и 42 отсто од испитаниците не именуваат ниту еден кандидат.

Бидејќи куповната моќ се најде на прво место како приоритет на анкетираните Французи, многумина жалат поради недостатокот на застапеност на оваа тема во медиумите и од кандидатите. Мало мнозинство (51 отсто) сметаат дека кандидатите се занимаваат со вистинските прашања што ги засегаат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден