Анкета: Мнозинство од Американците немаат доверба во потпретседателката Харис

Од:

Според анкета на Расмунсен, 40 отсто од Американците имаат доверба во потпретседателката Камала Харис, споредено со 56 отсто кои немаат доверба во неа.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, ова е дел од поголем тренд според кој од анкетите се дознава дека Харис, првата жена потпретседател на САД, има проблеми со придобивање на гласачите на своја страна.

Според друга анкета, пак, таа не е далеку од тоа да стане и првата жена претседател на САД ако претседателот Џо Бајден одлучи да не се кандидира по вторпат на следните претседателски избори во 2024 година.

Резултатите од анкетата на Институтот за политика на Њу Хемпшир, пак, покажуваат дека 42 отсто од регистрираните гласачи во државата би ја поддржале Харис за претседателски кандидат од демократите ако Бајден не се кандидира, додека 36 отсто изјавиле дека ќе поддржат „нов кандидат“.

Анкетата на Расмунсен контактирала 1.000 потенцијални гласачи, а била одржана од 27 до 28 март.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Палестинците јадат лисија, децата умираат, нема веќе изговори за Израел порача заменичката на Бајден

Катерина Ѓуровски

Харис: САД нема да дозволат принудно преселување на Палестинците од Газа или Западниот Брег

Горан Наумовски

Харис: Русија е очигледно многу очајна, тие веќе доживеаја стратешки неуспех

Камала Харис: Правото на абортус е загрозено во сите американски држави

Горан Наумовски

САД: Потпретседателката Харис со позитивен тест за Ковид-19

А1он

Забрана за влез во Русија и за Камала Харис и Марк Закерберг

А1он