Анкета: Италијаните ја поддржуват владата на премиерот Конте

Од:

Речиси 80 ​​проценти од анкетираните Италијанци, без оглед на партиската припадност, сметаат дека „сега не е време за политичка криза“, пишува весникот „Ил Фато Котодиано“, којги објавува резултатите од последното истражување на јавното мислење во Италија.

Весникот пишува и дека анкетата покажува пад на бројот на приврзаници на поранешниот премиер Матео Ренци, а процентот на оние кои го поддржуваат сегашниот премиер Џузепе Конте, 38 проценти, е стабилен.

Исто така, весникот потсетува дека во екот на пандемијата во март и април минатата година, премиерот Конте имаше поддршка од 49 проценти од анкетираните Италијанци, и дека тој, врз основа на анкети на јавното мислење, беше прогласен за најпопуларен премиер во последните 20 години.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски