Анкета: Германците за построга политика на ЕУ за давање азил

Од:

Повеќето германски граѓани поддржуваат построга политика на Европската унија кога станува збор за доделување азил и сакаат да биде спречено илегалното влегување на барателите на азил во ЕУ, покажуваат резултатите од анкетата објавена во германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Како што наведува весникот, 59 проценти од испитаниците се изјасниле за измени на заедничкиот систем за азил на ЕУ што би ги спречило барателите на азил илегално да влезат во Унијата, а наместо тоа, поранливиот дел од населението би бил донесен директно од бегалските кампови во кризните региони.

На ваквото сценарио се спротивставија 30 проценти од испитаниците, додека 11 проценти не се одлучни.

Во моментов ЕУ нема поширок консензус за заедничка имиграциска политика. Од сите земји – членки на ЕУ, Германија примила најголем број баратели на азил од бегалските кампови во Турција.

Би можело да ве интересира

Група девојчиња со часови мачеле 13-годишно девојче во Германија, и гаселе цигари на лицето, па и ја запалиле косата

Горан Наумовски

Шолц: Путин е секогаш многу љубезен

Горан Наумовски

Речиси 700 летови откажани во Германија

Ана Ололовска

Се сретнаа Шолц и Нетанјаху: „Безбедноста на Израел е германски национален интерес“

Ана Ололовска

Девојче било избодено дури 32 пати со нож поради кавга на ТикТок

Горан Наумовски

Британски и германски ловци пресретнале руски авион над Естонија

Катерина Павлова-Николовска