Анкета: Европејците се најзагрижени поради миграцијата, економската криза и трговската војна

Од:

Предизборната кампања за европските избори е на самиот почеток, а едно од главните прашања, четири години по бегалската криза и со порастот на крајната десница во скоро сите европски земји без исклучок, имиграцијата долго време се најавува како главна тема.

Но, според анкетата спроведена од ЈуГов за Европскиот совет за надворешни односи миграцијата е едно од главните прашања, но тоа не е ни главното ни најважното.

Само 14 проценти од испитаниците изјавиле дека миграцијата е закана за Европа, но исто толку како закана ја гледаат економската криза или ризиците од трговската војна.

Во сите земји, каде е спроведена анкетата, како главната опасност (22 отсто) што и се заканува на Европа е посочен исламскиот радикализам.

Во Франција како најважно прашање за 36 проценти испитаниците е високиот животен стандард, додека во Италија е невработеноста, а здравствената заштита во Полска и во Унгарија. Прашањето за миграцијата е на прво место во Германија, Шведска и Австрија, земји кои беа најдиректно погодени од бегалскиот бранот од 2015 година.

Но, во многу земји од Централна, Источна и Јужна Европа граѓаните се најзагрижени од емиграцијата, однос заминувањето на нивното население. Тоа посебно е изразено во Унгарија и во Романија.

Анкетата покажува и дека 72 отсто од Европејците се изјасниле за поефикасна одбрана на нивната граница со цел да се спречат илегални влегувања, а 52 проценти истакнале дека дека Европа треба да прифаќа беглаци и тие да бидат распоредени во сите земји.

Во исто време, 38 проценти од испитаниците оцениле дека Европа треба да ги блокира сите видови на миграција, легална и илегална.

Анкетата е спроведена од 23 јануари до 25 февруари, при што се испитани 45.000 лица во 14 земји членки на Европска Унија.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“