Анкета: Аферата „Ибица“ нема да влијае на рејтингот на партиите

Од:

Аферата „Ибица“, која доведе до оставка на доскорешниот претседател на Слободарската партија на Австрија и вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе нема да влијае на мнозинството избирачи при носењето одлука за кого ќе го дадат својот глас на предвремените парламентарни избори на 29 септември.

Според анкетата на телевизијата АТВ, дури 63 отсто од испитаниците тврдат дека видео снимките на кои се гледа како Штрахе и нуди на наводна внука на руски милијардер државни зделки заради финансиска помош за неговата партија – нема да има никакво влијание на нивното гласање.

Од друга страна, 18 отсто рекле дека сега, посебно, ќе ја изберат истата партија на која во 2017 година го дале гласот на редовните избори, а 11 отсто испитаници рекле дека на некој друг ќе ја дадат довербата. Според истражувањето на јавното мислење, само еден отсто одлучиле дека нема да излезат на изборите.

Анкетата е спроведена од страна на Паблик Опинион Стратеџис за потребите на АТВ во периодот меѓу 2 и 12 септември врз примерок од 2.402 Австријци со право на глас.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче