Анкара побарала турските специјалци во Мосул да не влегуваат во судир со исламистите

Од:

Властите во Анкара им наредиле на турските специјални единици, кои го обезбедувале Конзулатот на Турција во Мосул, да не влегуваат во судири со борците на исламистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот (ИДИЛ).

Борците на ИДИЛ, по заземањето на турскиот Конзулат во Мосул на 11 јуни, киднапираа 49 турски граѓани, меѓу кои и генералниот конзул и други дипломати и нивните семејства, како и припадници на турските специјални единици.

Весникот „Ватан“ пишува дека еден од киднапираните припадници на турските специјални сили успеа да објави информација на интернет, во која се наведува дека „900 специјално обучени командоси на ИДИЛ го опколиле конзулатот, а истовремено турските сили поставиле снајперисти на покривот, со цел да одговорат на нападот“.

– Тие имаа минофрлачи, тешко оружје и четири тенкови украдени од ирачката армија. Го информиравме Министерството за надворешни работи дека можеме да се бориме додека ни заврши муницијата, но Министерството одговори дека не треба да се става во опасност животот на луѓето во дипломатското претставништво, објаснува војникот во постот.

На интернет страницата стои и дека киднапираните турски граѓани се наоѓаат во хотел во реонот на градот Мосул.

Турскиот вицепремиер Булент Аренч денеска потврди дека инфомацијата објвена на интернет е вистинита.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска