Ангажманот за справување со протестите на „Just Stop Oil“ ја чинел лондонската полиција 5,5 милиони фунти

Од:

Лондонската полиција од почетокот на октомври потрошила 5,5 милиони фунти за засилените патроли ангажирани да се спротивстават на активистите на „Just Stop Oil“, кои повикуваат на напуштање на фосилните горива и брза транзиција кон зелена енергија.

Во соопштението на „Скотланд Јард“ објавено по состанокот на полициското раководство одржан во резиденцијата на премиерот Риши Сунак се посочува дека активностите на еколошкото движење го трошат драгоценото време на припадниците на полицијата, што би можело поефективно да се користи во локалната заедница и на приоритетни задачи како што е справувањето со криминалот.

Помошникот-комесар на лондонската полиција, Мет Твист, истакна дека и покрај фактот што членовите на движењето оваа недела не биле активни како порано, полицијата во средата била принудена да прераспореди 180 свои полицајци за да се спротивстави на евентуалните протестни акции.

За справување со протестите на еко-активистите почнати на 2 октомври, во текот на 46 дена полицијата ангажирала 12.500 смени на свои службеници, што во пари изнесува повеќе од 5,5 милиони фунти, појасни Твист.

Притоа се приведени 755 лица, а 182 се обвинети за разни прекршоци – од попречување на сообраќајот до намерно нарушување на јавниот ред и мир.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он