Таа е наследничката на Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер нова претседателка на ЦДУ!

Од:

Генералната секретарка на германската Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер е избрана за нов лидер на партијата, која на таа позиција ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА.

Крамп-Каренбауер, долгогодишен сојузник на Меркел, победи во вториот круг од гласањето на Конгресот на ЦДУ во Хамбург, победувајќи го Фридрих Мерц. За неа гласаа 517 делегати (51,75 проценти), а Мерц доби 482 гласа (48,25 проценти).

Иако нема да раководи со партијата, Меркел има намера да остане канцелар до крајот на четвртиот мандат, кој истекува на крајот на 2021 година.

Крамп-Каренбауер ја презеде функцијата генерален секретар на ЦДУ во 2018 година. Пред тоа, од 2011-2018, беше првиот премиер на германската покраина Сарланд, и воопшто четврта жена, која раководела некоја од германските сојузни држави. Таа во периодот 2000-2004 беше министерка за внатрешни работи на Сарланд, исто така, прва жена која била на таква функција во Германија.

Сарланд е најмалата од 16 сојузни држави или провинции.

Крамп-Каренбауер често ја опишуваат како „малата Меркел“. Тие две се многу блиски. Со Ангела Меркел, како што се наведува, ја поврзуваат многу лични случувања, на неа треба за многу работи да и заблагодари, но сепак самоуверено тврди „Јас сум независна. Сега е важно да се отвори ново поглавје со нов стил и нова сила“. Дојче веле тврди дека на Крамп-Каренбауер сепак нема да и биде лесно.

-Тоа ме поттикнува, одговори Крамп-Каренбауер на прашањето дали е потценета во разговор со авторката која ја подготвува нејзината биографија.

Книгата под името „Можам, имам желба и сакам“ јасно ги открива нејзините амбиции, наведува Дојче веле. Таа гласно упати и мала критика на сметка на Меркел: досегашното владеење на т.н. голема коалиција го опиша како „железно време“.

Меѓутоа, кога станува збор за политичките теми, таа засега речиси воопшто не отстапува од линиите кои ги зацртала Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим