Анџелина Џоли го повика Мјанмар да стави крај на насилството врз Рохинџите

Од:

Американската актерка Анџелина Џоли, пред неколку дена го повика Мјанмар да покаже вистинска посветеност за ставање крајот на насилството и раселување во сојузната држава Ракајн, од каде што стотици илјади муслимани Рохинџи избегаа во соседен Бангладеш.

Џоли, која е, исто така, специјален претставник на Агенцијата за човекови права на ОН, ги посети бегалските кампови во Бангладеш, каде што престојуваат околу милион Рохинџи.

Од август 2017 година, кога армијата на Мјанмар започна насилна операција, оттаму побегнаа повеќе од 700.000 Рохинџи. Повод за воената операција беа нападите на бунтовнички групи на Рохинџи врз воени контролни пунктови.

Џоли се наоѓа во тридневна посета на Бангладеш пред да побара донација од 920 милиони долари за поддршка на бегалците.

Би можело да ве интересира

Ме фати за глава и рамена и ме тресеше: Анџелина Џоли го обвини Бред Пит за насилство

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Анџелина Џоли призна дека нејзиното здравје е влошено

Таткото на Анџелина Џоли остро против нејзиниот став: Будали сте вие што го напаѓате Израел

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он