Андриушенко: Најмалку 100 цивили се уште се ноаѓаат во челичарницата Азовстал

Од:

Најмалку уште 100 цивили се останати во фабриката за челик, што е под силен руски оган во јужниот украински град Мариупол, изјави денеска помошникот градоначалник Петро Андриушенко.

Мариупол ги преживува најразорните битки во руската инвазија и војната во Украина.

Железарницата Азовстал е последниот дел од градот што се уште е во рацете на украинските борци.

Украина претходно соопшти дека сите цивили го напуштиле Азовстал, а Русија објави дека е завршена евакуацијата на цивилите од фабриката.

„Покрај армијата, во засолништата во Азовстал има најмалку 100 цивили. Сепак, тоа не го намалува интензитетот на окупаторските напади“, напиша Андриушченко на Телеграм.

Русија не ги коментираше неговите тврдења, а запдните медиуми не успеаја да добијат независна потврда на наводите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин