Ананд: Канадски воени специјалисти ги обучуваат украинските сили „за да се борат и победат“

Од:

Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, по средбата со својата канадска колешка Анита Ананд се заблагодари на Канада за помошта што ја дава на Украина, вклучително и обуката на украинските војници преку програмата „Јуниформ“.

Ова тој го кажа на денешниот брифинг по повод посетата на Ананд на Пентагон, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– САД и Канада се обединети во заедничкиот восхит од храброста на украинскиот народ и нашата посветеност да му помогнеме да ја одбранат својата сувереност, истакна Остин.

Ананд рече дека Канада на украинската армија донирала пушкомитралези, пиштоли, снајперски пушки, дронови, Карл–Густаф антитенковски оружја, рачни гранати, прецизни камери за воени дронови.

– Оваа опрема значеше многу во воените напори на Украина, изјави таа и додаде дека Канада ќе ѝ испрати на Украина уште осум оклопни возила.

– Ќе продолжиме со испораката на оружје што Украина го бара за да се бори и да победи, рече Ананд.

Со испораката на хаубици од страна на сојузниците, таа потврди дека канадски специјалисти ги обучувале украинските војници за ракување со овие оружја.

Таа истакна дека Европа се наоѓа во пресвртен момент за евроатлантската безбедност.

– Канада е целосно посветена на заложбите во алијансата НАТО и земјата неодамна распореди втора фрегата на морските сили на НАТО и придонесе со повеќе војници и потенцијал на мултинационалната борбена група во Латвија командувана од Канада. Канада и САД работат секојдневно во одбрана на северноамериканското небо и територија во рамки на воената програма НОРАД, изјави министерката Ананд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ