Анан му ја предава должноста на Брахими

Од:

Денеска завршува посредничка мисија на Кофи Анан за изнаоѓање мирен излез од кризата во Сирија, која ја извршуваше со мандат од ОН и Арапската лига.

Тој ќе ја предаде должноста на видниот алжирски дипломат Лахдар Брахими, кој има учествувано во мировните мисии на ОН во Либан, Авганистан, Ирак, Конго, Јемен и Либерија, пренесоа руските медиуми.

Анан, кој беше назначен на функцијата во февруари, и неговата екипа, разработија мировен план, што воопшто не беше применет од страните во конфликтот. Неговата работа како посредник беше усложнета и од разногласијата во Советот за безбедност на ОН во однос на начините за решавање на сирискиот проблем.

На почетокот на август Анан изјави дека не сака обновување на својот мандат, кој завршува на 31 јануари.

Преговори во ОН за наоѓање наследник на должноста доведоа до номинирање на Лахдар Брахими, кој од утре станува меѓународен пратеник за Сирија.

Од централата на ОН во Њујорк соопштија дека надлежностите на Брахими ќе бидат определени на заседанието на Генералното собрание на организацијата, на 4 септември, посочуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети