Анализа: Можно ли е мирно решение на украинската криза – и за Путин и Бајден повлекувањето не е опција

Од:

Психолошката војна меѓу Русија и САД околу Украина забрзано се приближува до точка од која мирно решение на кризата би било невозможно пишува Си-Ен- Ен во најновата анализа посветена на украинската криза. Американскиот претседател Џо Бојден е во отворен судир со претседателот на Русија, Владимир Путин која според оваа анализа ја користи Украина за да ги присили САД да преговараат за одамна решениот исход од Студената војна.

Ниту еден претседател не смее да попушти. Попуштањето е малку веројатно со оглед на тоа колку од нивниот политички кредибилитет вложија и двајцата во украинскиот судир наведува Си-Ен-Ен. Иако за многу Американци, кризата во Украина изгледа како проблем кој не се однесува на нив, а особено и поради проблемите што ги имаат дома како поандемијата и растечката инфлација, факт е дека двете водечки светски нуклеарни сили се најдоа во најсериозниото испитување на силите по падот на Советскиот Сојуз.

Си-Ен-Ен во анализата потсетува дека руска инвазија на Украина би можела да го поттикне најголемиот судир на конвенционалните војски во Европа по Втората Светска војна. Влгот за САД е висок – кредибилитетот на државата во очите на Западот односно глобалната перцепција на американската моќ, но и веројатно реалниот проблеми кои Американците би можеле да ги имаат дома, како растот на цените на енергенсите кој би бил поттикнат со кризата.

Денеска во Женева се среќаваат шефовите на американската и на руската диполматија, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров. Но, Америка сигурно нема да се согласи на барањата на Путин чие исполнување тешко би го компрпмитирало НАТО.

Од друга страна, американските закани кон Путин за санкции засега немаат никаков успех. Напротив, владата во Киев тврди дека Русија е при крај со трупањето војска на границата. Путин на границата со Украина има 100 илјади војници, што му овозможува покренување голема инвазија во било кој момент наведува Си-Ен-Ен.

Путин сака да го држи противниците во неизвесност се потсетува во анализата. Дел од аналитичарите веруваат дека рускиот претседател блефира, односно дека креирал закана со инвазија за да лезе во преговорите со САД од позиција на моќ. Други пак сметаа дека со обидот за дестабилизација на Украина игра на чувствата на националистите во Русија и така си ја подигнува популарноста во неговата земја.

Но, можно е Путин да ја „намирисал“ слабоста на Америка и подлебите во Европа и резонира дека токму сега е вистинскиот момент за уривање на украинските надежи за про-западна иднина, се наведува во анализата на Си-Ен-Ен. Со оглед на тоа колу од сопствениот кредибилитет вложи во украинската криза, а САД одбиваат да ги удоволат неговите барања, не е веројатно да признае пораз и да се повлече.

За Владимир Путин, падот на Советскиот сојуз е историска катастрофа. Проширувањето на НАТО кон исток, Путин го доживува како понижување на големата руска цивилизација. Затоа од Бајден го бара токму тоа што американскиот претседател не може да го прифати, меѓу другот и гаранции дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО како и повлекување на западните и оружјето од Полска и од Романија.

Во изминатите 10 години, Путин се обиде да ја обнови руската сфера на влијание над поранешниот советски републики како Украина. Тоа резултираше со анексијата на Крим во 2014 година, но и со гушењето на неодамнешните протести во Белорусија и во Казахстан.

Уште една компонента во целата сутуација е уништување на угледот на Западот, одобено на САД. Иако и натаму не е јасно наводнот руско мешање во американските претседателски избори во 2016, факт е дека тогаш беа ослободени деструктивните сили во САД.

Путин и Бајден се најдоа во ситуација во која не смеат да попуштат во покерот со највисоки влогови завршува анализата.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски