АНАЛИЗА: Демонстрантите кои бараа „правда“ за Флојд станаа хулигани кои ограбуваат продавници и шират насилство

Од:

Помина речиси една недела од трагичната смрт на Американецот Џорџ Флојд, чесен и вреден човек кој имал многу пријатели и бил сакан во својата околина (од исказите на сведоците и неговите блиски што можеа да се слушнат во јавноста).

Смртта на Флојд настапи како последица од приклештување на неговиот врат кога полицискиот службеник, Дерек Шовин насилно го приведе и пред јавноста ја покажа неговата нечовечност, полициска бруталност со тоа што го усмрти Афроамериканецот во Минеаполис, Минесота.

Првите два дена од несреќниот настан, ситуацијата беше стабилна и граѓаните ширум САД го искажаа своето незадоволство на улиците низ американските градови на мирен начин повикувајќи на одговорност од властите, но наместо ситуацијта да се нормализира, гневот пропорционално растеше по изминување на деновите и својот зенит го достигна во последните три дена.

Во последните денови сведоци сме на тотален хаос и анархија во САД, а тоа можеме да го забележиме и од снимките кои доаѓаат изворно и кои покажуваат јасно дека не се работи за мирни и наивни протести туку класична злоупотреба на инцидентот со цел да се шири насилство и безредие кое ќе донесе многу жртви, намерно или случајно, во период на пандемија.

Ограбувањето на цели трговски центри, бензиски станици, демолирање државни институции, обвинувањето на американскиот претседател и неговата администрација дека стојат зад убиството се цврсти докази дека постои злоупотреба на нивното барање на „правда“.

Реакцијата на Трамп по обвинувањата беше оградување од убиството на полицаецот и издавање на наредба на ФБИ да спроведе брза истрага за случајот која се уште трае.

Исто така, тој постави прашање како е возможно инцидентите да се случуваат само во држави во кој градоначалниците се од Демократската партија на САД и зошто е обвинет тој за полициска бруталност и репресија врз Афроамериканците кога локалната власт не ја води тој.

Во последното негово обраќање во јавноста, Трамп соопшти дека зад „организираните насилства“ (а не протести), стои движењето АНТИФА и радикалната левица затоа што демонстрантите ја оправдуваат кражбата на фирмите заради постигнување на економска еднаквост помеѓу луѓето, што автоматски покажува дека целта за која протестира одредена група на демонстранти е различна од онаа на почетокот.

Поранешниот градоначалник на градот Њујорк, Џулијани го забележа истото, ги осуди настаните и на социјалните мрежи објави дека „сега не се почитува носењето на заштитни маски и социјалното дистанцирање помеѓу луѓето, туку се врши насилство врз полицајците од страна на осудени затвореници кои биле пуштени на слобода“.

Цел на напади беа и медиумите како Си-Ен-Ен во Аталанта, каде демонстрантите ги демолираа просториите на телевизијата.

САД се наоѓаат во исклучителна тешка состојба поради пандемијата (има над 100.000 жртви од коронавирусот), во државата е се поизразена поделбата помеѓу политичките елити, поведени се судски истраги поврзани со криминал и велепредавство на високи функционери кои најавуваат голема политичка, но и правна борба непосредно пред следните претседателски избори кои ќе бидат организирани во САД.

Од нив ќе се види исходот од досегашната политика на сегашниот претседател, дали тој ќе биде реизбран или ќе ја дели судбината со Џими Картер кој ја предводеше државата само еден мандат.

И покрај се, мирните протести за барање на правдата за Флојд се веќе злоупотребени.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама