Амстердам планира забрана за марихуана за туристите

Од:

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови“ каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната.

Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на мека дрога“, напиша во писмото до Градски совет.

– Во последниве години, видовме дека побарувачката за канабис во Амстердам е неверојатно зголемена, изјави Халсема во интервју за јавната телевизиска станица НОС.

– Ова главно се должи на зголемувањето на бројот на туристи, додаде таа, истакнувајќи дека некои од нив се „канабис туристи“ кои доаѓаат во Амстердам единствено да ја консумираат дрогата.

Овие „туристи“ се извор на проблеми за центарот на градот, рече градоначалничката.

-Амстердам е меѓународен град и ние ги поздравуваме туристите, но би сакале туристи кои доаѓаат поради богатството на градот, неговата убавина, културните институции, рече таа за холандската јавна телевизија.

Според податоците на Министерството за јавно здравје, Холандија има 570 „кофишопви“, а според податоците на Амстердам, во тој град има 166, или 30 отсто од сите во Холандија.

Од 1970-те, холандската влада ги толерира оние продавници што продаваат канабис, но производството и снабдувањето со канабис се, сепак, нелегални.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи