Амр Муса: Катар беше подготвен „во целост” да и плати на САД воено да го прошири присуството во земјата

Од:

Поранешниот шеф на Арапската лига, Амр Муса, откри дека Катар бил подготвен “во целост” да го плати проширувањето на американското воено присуство на сопствена територија во замена за заштита.

Во интервју за весникот Ал-Хајат, Муса изјавил дека емирот на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, му порачал на Вашингтон дека е подготвен да ги плати сите трошоци само американските војска да воспостави дополнителни воени бази на оваа со нафта исклучително богата земја.

„Шеикот Хамад бин Калифа има најголема моќ во Катар, а му помага Хамад Бин Јасим. Принцот добро ја водеше земјата и направи некои важни одлуки со релативна леснотија”, истакнува Муса.

„Кога на ред дојде заштитата, забележал дека Американците се единствените кои сакаат да ја обезбедат, конкретно мислел на американската војска на која воспоставувањето на воена база во Катар не и бил приоритет. Сепак, шеикот Хамад им порачал на Американците дека ќе ги обезбеди сите нивни трошоци во целост, па сега ужива во безбедноста и оди понатаму”, заклучува Муса.

Да подсетиме, најголемата американска воена база од сите арапски земји, денес се наоѓа токму во Катар, очигледно под многу добри услови.

Воздухопловната база Ал Удеид, која се наоѓа западно од главниот град Доха, исто така е седиште на американскиот персонал, команден центар и дом на американските воени авиони од групата 379, но и на британски. Катарскиот емир наводно, уште во 1999 година им истакнал на американски официјални претставници дека би сакал околу 10.000 американски војници да бидат стационирани во Ал Удеид.

Би можело да ве интересира

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот

Експертите предупредуваат на нова инфекција: „Грип од камила“ од Светското првенство

А1он

Талибанците заработија милиони од Светското првенство во Катар

Ана Ололовска

ВИДЕО: Паника во Катар, голем пожар во навивачкото село

Ана Ололовска

Супер-комјутерот прогнозира супер-финале и победа на Аргентина