Амнести Интернешнл: Русија можеби полека го убива Навални

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е затворен во услови слични на тортура и можно е полека да го убиваат, соопшти денеска организацијата за човекови права Амнести Интернешнл.

Организацијата тврди дека Навални, кој минатата година беше отруен со новичок, сега страда од недостиг на сон и оти во затворот нема доктор на кој може да му верува.

– Русија, или поточно руските власти, можеби го ставаат Навални во ситуација на бавна смрт и се обидуваат да го прикријат она што навистина му се случува, изјави генералната секретарка на Амнести Интернешнл, Агнес Каламард.

– Јасно е дека руските власти ги кршат неговите права. Треба да сториме повеќе. Тие веќе се обидоа да го убијат, сега го затворија и го држат во затворски услови слични на тортура, рече таа.

Лидерот на руската опозиција и противник на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела почна штрајк со глад, барајќи да добие соодветна медицинска нега за акутни болки во грбот и нозете.

Кремљ одби да го коментира здравјето на Навални, велејќи дека тоа е работа на државната затворска служба. Таа служба минатата недела соопшти дека Навални го добива потребното лекување.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски