Амир-Абдолахијан: Доколку Бајден е сериозен за преговори – да ослободи 10 милијарди долари ирански замрзанити средства

Од:

Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахијан, побара од американскиот претседател Џо Бајден да им ослободи блокирани 10 милијарди долари за да ја покаже својата добра намера во преговорите за нуклеарниот договор и санкциите, пренесе Анадолија.

Зборувајќи за иранската државна телевизија, Амир-Абдолахијан се осврна на преговорите за нуклеарниот договор и санкциите.

-Сериозни сме во врска со преговорите и ќе се вратиме на преговарачката маса. Американците сакаа да се сретнат со мене преку различни канали. Ако Американците навистина го сакаат тоа, нека ослободат 10 милијарди долари од нашите блокирани средства. Мора да се направи чекор пред да кажеме дека Џо Бајден е различен од Доналд Трамп. Ако намерите на Бајден се сериозни, за тоа мора да има сериозни сигнали. Едно од нив е ослободување на нашите најмалку 10 милијарди долари, рече Амир-Абдолахијан.

Тој наведе дека нема да ги поврзува иранската економија и надворешна политика со нуклеарниот договор.

-Бајден вели дека не ги прифаќа методите на Трамп и истовремено се однесува како него. Бајден вели дека нема да воведе санкции како Трамп, но сака да дојде на преговарачката маса со 1.600 ставки санкции, рече министерот.

Нуклеарниот договор, чие официјално име е Заеднички сеопфатен акционен план (JCPOA), беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европската унија.

Според договорот, на Техеран му беше дозволено да збогатува ураниум до максимум 3,67 проценти, а светските сили за возврат се согласија да се откажат од економските санкции против Иран.

Меѓутоа, за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп, САД во 2018 година унилатерално се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции против Иран, што го натера Техеран да престане да го почитува нуклеарниот договор.

Иран во јануари годинава објави нов план за дополнително зголемување на збогатувањето ураниум како противмерка на санкциите воведени од администрацијата на Трамп.

И покрај одлуката на САД да се повлече, Германија, Франција и Обединетото Кралство постојано изразуваат посветеност на договорот и го повикуваат Техеран целосно да го почитува нуклеарниот договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со девет куршуми застрела човек во инвалидска количка бидејќи крадел од маркет во САД

А1он

Американските власти ќе собираат податоци за патници од jужна Африка поради омикрон

А1он

Две судења во САД што ги воземируваат духовите во високиот бизнис и политика

А1он

Блинкен: САД се загрижени поради доказите дека Русија планира агресивна акција против Украина

А1он

Протести во Вашингтон додека Врховниот суд ги слуша аргументите за случајот со кој се легализираше правото на абортус

А1он

ВИДЕО: 15-годишно момче уби тројца и рани осуммина во пукање во училиште во САД