Америкнците предупредуваат: Има уште малку време да и се застане на пат на руската „офанзива“ на Украина

Од:

Претставници на американските безбедносни служби предупредуваат дека останало уште малку време за да и се застане на пат на „офанзивата“ на Русија кон Украина.

Според тврдењата на неименувани американски и европски официјални лица, Русија уште не донела одлука за тоа што ќе прави со војската која ја станционираше на границата со Украина.

Претставниците на американските служби настојуваат да ги забрзаат европските земји во носењето одлука за соработка со САД по прашањето за евентуално воведување воени и економски мерки за да се сопре Москва пишува Њујорк Тајмс.

Весникот исто така тврди дека директорот на американската Национална безбедносна служба, Еврил Хејнс отпатувал во Брисел за да ги информира амбасадорите на НАТО за можната офанзива на Русија на Украина.

Руските медиуми пак потсетуваат дека претседателот Владимир Путин во неколку наврати изјавуваше дека предупредувањата на Западот за наводна офанзива на Москва на Украина во најмала рака се претерани.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси